КУЗЕСКА : 2 ГОДИНИ ЛОКАЛНА ВЛАСТ НА ДПМНЕ : НУЛА РЕЗУЛТАТИ И ПОГОЛЕМИ СМЕТКИ ЗА ГРАЃАНИТЕ

0
295

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

После ДВЕ години од мандатот на ДПМНЕ како локалната власт во над 40 општини резултатот е НУЛА.

Проектите кои ги ветуваа не се реализирани, изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ станаа книги на лаги, на лажни и нереализирани ветувања.

Мицкоски и ДПМНЕ не ја оправдаа довербата и не го испорачаа она што го ветуваа пред граѓаните.

0 резулати, безброј нереализирани изборни ветувања и поголеми сметки за граѓаните, за данок на имот и до 300%,  но и за ѓубретарина, вода, комунални услуги.

Тоа е поразителниот заклучок после 2 години локална власт на ДПМНЕ.

Скопје е еклатантен пример за тоа. 

Клучното ветување за бесплатен градски превоз во Скопје го нема и нема ниту да се случи. Ги нема ниту ветените 250 еколошки автобуси, нема ниту модерен еколошки транспорт.

Истото е во останатите општини кои се под капата на ДПМНЕ.

Во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел, Ѓорче Петров, не се реализирани ветувањата, нема капитални проекти, нема развој, резултати нула.

Општините се дават во нечистотија и смет, а градоначалниците на ДПМНЕ згора на се ги задолжуваат граѓаните и трупаат нови долгови.

Во Ѓорче Петров сметките за комунални услуги се зголемени за 300%, во Бутел за 150%.

Иста е ситуацијата во општините под капата на ДПМНЕ низ републиката каде се зголемени сметките за граѓаните.

Градоначалниците на ДПМНЕ удрија по џебот на граѓаните и во Прилеп, во Штип, во Охрид, во Битола, Неготино, Гевгелија, Велес. До 300% поголеми сметки плаќаат граѓаните поради локалната власт на ДПМНЕ.

Додека градоначалниците од ДПМНЕ се шетаат со скапи часовници.

Почитувани,

Мицкоски и ДПМНЕ не ја оправдаа довербата којашто им ја дадоа граѓаните.

Власт за ДПМНЕ значи уназадување, нула резултати и поголеми сметки за граѓаните.