Thursday, January 16, 2025
1.8 C
Skopje

КУЗЕСКА : ХРИСТОВСКИ НЕМА СЕРТИФИКАТ ОД НАТО, УШТЕ ЕДНА ЛАГА НА ВЛАСТА

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Скандалот со киднапирањето на Агенцијата за национална безбедност и партиското назначување директор нема крај.

Последната манипулација којашто власта ја сервира е дека Христовски наводно поседувал сертификат од НАТО.

Ова е намерна манипулација за да се одбегнат одговорите на суштинските прашања а тоа е дали Христовски воопшто ги исполнува условите да биде на оваа висока позиција.

СДСМ ќе ја разобличи оваа манипулација и ќе инститира на правна разрешница на овој случај.

Прво, проверките за издавање на безбедносни сертификати ги вршат исклучиво домашните безбедносни институции, а тоа се АНБ и МВР.

Постапката е јасно дефинирана: институцијата каде што работи лицето доставува барање до Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, по што се спроведуваат потребните проверки.

А тие проверки за цивилни лица ги спроведуваат АНБ и МВР а не НАТО.

Значи во случајот со Бојан Христовски, токму АНБ каде што тој е именуван за диркетор поднела барање и токму АНБ спровела безбедноста проверка на својот директор.

Ова ја открива целата манипулација на власта.

Прашањето е зошто по секоја цена, по сите можни скандали, власта го турка Христовски и ревносно го штити.

Христовски беше именуван за директор на АНБ без соодветен безбедносен сертификат од ниво „државна тајна“.

Согласно член 10 став 1 од Законот за АНБ безбедносниот сертификат е услов за да биде именуван за директор.

Се уште е отворено прашањето и за сертификатот за англиски јазик од Пловдив Бугарија, од непосточека агенција.

Отворено е и прашањето за валидноста на дипломата на Христовски. Одлуката на ДКСК е целосно компромитирана и затоа Јавното обвинителство не смее уште да молчи.

ДПМНЕ создава паравласт, ги крши законите за да ги партизира безбедносните институции.

СДСМ ќе продолжи да инсистира на целосна транспарентност и правна разрешница за овој случај.

ОВАА НЕДЕЛА

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

ТРИПУНОВСКИ ОД БЕРЛИН : РАБОТИМЕ СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ВИСОКОКВАЛИТЕТНО ФЛАШИРАНО ВИНО

Вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ