КУЗЕСКА : СО НОВИОТ ПАКЕТ МЕРКИ ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДОБИВААТ ДО 15.000 ДЕНАРИ ВО НАРЕДНИТЕ 5 МЕСЕЦИ

0
273

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Со СДСМ пензионерите добиваат повеќе.
Со новиот пакет антикризни мерки пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари на своите сметки. По 3.000 денари секој месец.
Пензионерите што имаат пензии од 14.000 до 16.000 денари добиваат по 2.000 денари месечно односно 10.000 денари.
Оние пензионери со пензија од 16.000 до 19.000 денари добиваат по 1.500 денари месечно односно 7.500 денари.
Исплатата започнува во декември, со цел зимските месеци да поминат со повеќе пари во семејните буџети.
Со овие мерки опфатени се над 187.000 пензионери. И ова е само дел од низата мерки што како Владата на СДСМ ги реализира за пензионерите.
СДСМ вистински се грижи за пензионерите. Преку системски мерки и со методологијата за усогласување на пензиите од септември 2022 година досега минималната пензија е зголемена за 25 проценти.
Со новата методологија на пресметка на пензиите, пензиите веќе пораснаа за повеќе од 5.000 денари.
Ако се спореди со 2016 година, во време на ДПМНЕ, просечната пензија изнесувала 13.754 денари, или нешто над 200 евра.
Во време на СДСМ, оваа 2023 година, просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари.
Тоа е зголемување од околу 6.000 денари од страна на СДСМ, односно 50% повеќе од ДПМНЕ.
Минималната пензија, којашто во 2016 година во време на ДПМНЕ беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари. Со СДСМ покачена за 4.000 денари или за 50%.
Линеарните покачувања на пензиите од страна на ДПМНЕ беше само по 600 денари, сите други пари ДПМНЕ ги трошеше за споменици, стиропор, жални врби.
СДСМ ја воведе и социјалната пензија.
Граѓаните над 65 години, кои немаат никаков приход, и не можат по друг основ да остварат пензија сега имаат право на тоа.
СДСМ континуирано на дело покажува вистинска грижа за пензионерите и така и ќе продолжиме.