Monday, March 24, 2025
15.8 C
Skopje

КУЗЕСКА: СДСМ ЈА ПОВИКА ДКСК ДА ПОСТАПИ ЗА СКАНДАЛОТ СО ТЕНДЕРИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО НА АНДОНОВСКИ

Изјава за медиуми, Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ

Почитувани,

СДСМ јавно ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи за скандалот со тендрите во Министерството за дигитална трансформација.

Сите докази и документи СДСМ јавно ги објави.

Бараме итно постапување од ДКСК по овој случај кој мора целосно да биде расчистен.

 Министерот Стефан Андоновски на прес-конференција го призна скандалот со тендерите во неговото министерство.

 Но, наместо да понесе одговорност, да се извини и да поднесе оставка, тој дрско ги бранеше договорите за тендери кои завршиле кај сопругот на Државната секретарка Клинчарова.

Ова претставува јасен случај на конфликт на интереси, непотизам и основан сомнеж за корупција, кои се впрочем одлики на ДПМНЕ!

Министерот Андоновски не може да се извлече со обидите да го релативизира случајот, тврдејќи дека Државната секретарка не учествувала во постапката.

Државниот секретар раководи со целата администрација во секое министерство. Со други зборови, Клинчарова била надредена на сите кои биле вклучени во тендерската постапка што завршила кај нејзиниот сопруг.

Државната комисија за спречување на корупцијата но и Јавното обвинителство мора веднаш да преземат конкретни чекори!

Ова не е само прашање на злоупотреба на функцијата – ова е директен удар врз довербата на граѓаните во институциите!

Мора да има целосно расчистување на коруптивните шеми на власта.

А Министерот Андоновски веднаш треба да поднесе оставка за да не влијае на постапката.

СДСМ нема да дозволи оваа афера да остане без санкција!

 Институциите мора да реагираат, а граѓаните заслужуваат одговорност и правда!

ОВАА НЕДЕЛА

БЕЗБЕДНОСНИТЕ СТАНДАРДИ ВО УЧИЛИШТАТА ДА БИДАТ ВО ФОКУСОТ НА ОПШТИНИТЕ

Министерството за образование и наука на 20.3.2025 година се...

МИЦКОСКИ: ЗА ПРВ ПАТ ИМАВМЕ РАСТ ОД 3% И СМЕ МЕЃУ ПРВИТЕ ПЕТ ЗЕМЈИ СО НАЈБРЗОРАСТЕЧКИ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски...

МИЦКОСКИ ЗА ПРОТЕСТИТЕ: ПОЛИТИЧКИТЕ ГЛОДАРИ СЕ ОБИДУВААТ ПРЕКУ ТРАГЕДИИ ДА ДОБИЈАТ ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ