КУЗЕСКА : РЕКОРДНИ 465 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО 2022 ГОДИНА

0
515

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Одговорните и ефикасни мерки на Владата предводена од СДСМ даваат резултати и тоа е поткрепено со официјални податоци.

2022 година ја завршивме со најголема реализација на капитални инвестиции досега, во вкупна вредност од 465 милиони евра.

Реализирани се скоро 90 отсто од планираните капитални проекти, што е највисок процент во споредба со претходните 10 години.

При тоа, важно е да се напомене дека реализацијата се случува во една од најкризните години во Европа по Втората светска војна.

За СДСМ инвестициите во патната инфраструктура, во капитални инфраструктурни објекти е врвен приоритет.

Ако за 11 години во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ беа изградени и рехабилитирани 650 километри патишта, сега, за пет години имаме 1.300 километри патна инфраструктура, рехабилитирана и изградена, за што инвестирани се над милијарда евра.

Започната е изградбата на железничка пруга во вредност од 600 милиони евра, комплетирана е изградбата на гасоводот од Жидилово до Битола, како и многу други капитални проекти значајни за граѓаните и стопанството.

Сето тоа дава за право во новата 2023 година да влеземе уште поамбицизно.

За оваа година во буџетот се планирани 800 милиони евра за капитални инвестиции, што е дури 51,8 отсто повеќе отколку за 2022 година.

СДСМ како одговорна партија продолжува со мерките и политиките кои обезбедуваат развој, европска перспектива на земјата и европски услови за живот на граѓаните.