КУЗЕСКА : ПЕЦАКОВ ДОДЕЛИЛ ПАРИ НА КЛУБ ВО КОЈШТО Е ОСНОВАЧ, НОВ СКАНДАЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ДПМНЕ?!

0
315
Прес-конференција,  Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
 
На повидок е нов скандал во општините под капата на ДПМНЕ.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, доделил пари на ракометен клуб во кој самиот тој е основач.

Над 250 илјади евра се исплатени на ГРК Охрид од општина Охрид како директна поддршка.

Овие суми ги потврдува и Службениот гласник на општина Охрид број 14 од 28.12.2023 година.

Сопственик на ГРК Охрид АД Охрид е РК Охрид 2013 каде основач на ракометниот клуб е токму градоначалникот Кирил Пецаков.

Значи Пецаков преку општината индиректно си префрла пари на самиот себе си!?

Директор на ГРК Охрид е Славчо Ристески, десна рака на градоначалникот Пецаков, воедно вработен во ЈП Охридски комуналец.

Дали е ова случај на судир на интереси треба да утврди Државната комисија за спречување корупција.

Надлежно обинителство пак треба да утврди дали е прекршен кривичниот законик бидејќи градоначалникот доделил средства на клуб којшто е токму тој основач.

Сите аспекти треба да се утврдат затоа што постои основано сомневање дека на ваков начин може да се испумпуваат пари на граѓаните и потоа да се злоупотребуваат.

Нема општина во државата која е водена од ДПМНЕ а за која нема скандал поврзан со финансиите, јавните набавки и парите на граѓаните.

Ништо не е сменето во ДПМНЕ.