Thursday, May 15, 2025
17.1 C
Skopje

КУЗЕСКА : ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК ПОТВРДИ ДЕКА ПОКРАЈ ОПСТРУКЦИИТЕ НА ДПМНЕ ПРОГРЕС ИМАМЕ ВО 81% ОД ПОГЛАВЈАТА

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани,
 
Извештајот на ЕК потврдува  дека и покрај опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски Македонија продолжи да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство во ЕУ.
Прогрес имаме во 81% од поглавјата, а назадување нема во ниту едно поглавје. Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90% сме со соодветно ниво на подготвеност.
Оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2023 година е „добро ниво на подготвеност“, константa која е факт неколку години наназад.
За разлика од катастрофалните извештаи во време на ДПМНЕ за заробена држава, мешање на партијата и државата и бројни сегменти со назадување со години наназад имаме драстичен напредок.
ЕК посочува дека главни кочничари на напредокот се Мицкоски, ДПМНЕ и Левица.
Поразително за ДПМНЕ е тоа што во овој Извештај на ЕК стои дека „Главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ активно ја блокираше парламентарната работа, што беше значајна пречка за напредок“ (страна 10 од Извештајот).
Почитувани,
Освен Извештајот, многу значајно за нас е објавениот План за раст на економиите на Западен Балкан од страна на ЕУ.
За прв пат имаме резервирани пари за реформите, од кои 1 милијарда евра се на располагање за Северна Македонија.
Сега може да користиме привилегии и можности од зачленувањето во Европската Унија пред време, односно додека траат преговорите.  Како што баравме.
До април 2024 година целта е да се направи прв трансфер на пари. Тоа значи дека ако продолжиме со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за пет месеци од сега.
Затоа блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски мора да бидат поразени.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КОШТА: НЕМА ПЛАН ,,Б”, ИСПОЛНЕТЕ ГО ОНА ШТО Е ДОГОВОРЕНО

Европската унија очекува Северна Македонија да го исполни договореното за да...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ