КУЗЕВСКА : СДСМ ПОКАЧУВА ПЛАТИ И ПЕНЗИИ, ВМРО-ДПМНЕ БЛОКИРА

0
877

Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

Во изминатиот период граѓаните гледаат два концепти на политичко делување.

1.СДСМ покачува плати и пензии, реализира мерки и политики кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети и повисок животен стандард за сите граѓани.

2. ВМРО-ДПМНЕ блокира.

СДСМ покажува што значи одговорно владеење, ВМРО-ДПМНЕ деструкција.

Тоа е особено видливо во македонското Собрание каде со месеци ВМРО-ДПМНЕ го блокира законот за поголеми плати на 27.000 наставици и наставнички.

ВМРО-ДПМНЕ беше против покачувањето и на минималната плата а нивните градоначалници не презедоа ништо за заштита на граѓаните од енергетската криза.

Концептот на СДСМ значи повеќе пари кај граѓаните, кај работниците, наставниците, а концептот на ВМРО-ДПМНЕ значат блокади, тензии, кризи, деструкција.

Новата Влада предводена од СДСМ се посвети на битка со економската криза и буџетот кон директна поддршка на граѓаните.

Од април, со новото законско решение, околу 80 000 работници ќе примат 18.000 денари плата или за 9.000 денари повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Ја покачуваме минималната плата, но и ги поддржуваме компаниите со субвенции да може да ја исплатат во висина од 16 милиони евра. И граѓаните и компаниите се поддржани во овој процес.

Добрите економски и финансиски политики овозможуваат да буџетот ги издржи сите кризи и излезе во пресрет на граѓаните со финансиска поддршка

Со 38 милиони евра ги поддржавме граѓаните преку субвенционирање на набавките на електрична енергија и спречивме голем ценовен шок.

Работиме на покачување на пензиите, на нова методологија за постојано зголемување.

Го решивме проблемо со парното греење во Скопје и го преземавме БЕГ кој заради кризата не беше во можност да набави топлинска енергија. Не дозволивме граѓаните да останат без греење.

И додека СДСМ интензивно работи на обезбедување повисоки плати и во време на криза, ВМРО-ДПМНЕ ги гледаме како прават сѐ за да не се покачат платите на наставниците и професорите во основното и средното образование.

Фактите се очигледни.

Почитувани,

Колку и да е неодговорно ВМРО-ДПМНЕ, колку и да е голема нивната деструкција, СДСМ, парламентарното мнозинство, овие блокади на ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи да успеат.