Friday, January 17, 2025
-1.2 C
Skopje

КРСТЕВ : ГОРАТ АВТОМОБИЛИ НА ПРИЛЕПЧАНИ – НЕСТРУЧНИТЕ КАДРИ НА ДПМНЕ ВО ОВР-ПРИЛЕП, ЈА ЗАГРОЗИЈА БЕЗБЕДНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ

Прес-конференција на Мики Крстев, член на Надзорен одбор на СДСМ.

Почитувани,

Деновиве повторно гореа автомобили на наши сограѓани, прилепчани.

Прилеп стана небезбедно и опасно место за живеење од оној момент, кога на предлог на ДПМНЕ беа поставени новиот началник на ОВР – Прилеп и командирот на Полициската станица.

Оттогаш до денес запалени се повеќе од 10 патнички и товарни моторни возила. Гореа автомобили на инспектор од прилепската Полициска станица, на познат спортски работник, основен јавен обвинител, адвокат, претседател на Општинска организација на СДСМ.

Истовремено, опожарен беше и ноќен клуб, во двор од куќа на полициски службеник беше фрлена бомба, а употребата на огнено оружје во угостителски објекти стана, безмалку, инцидент на дневна основа.

Не само што нарачателите и извршителите на овие дела насочени против животите и имотите на граѓани на Прилеп не се откриени, туку од страна на најодговорните во МВР, голем дел од настаните се прикриени.

Сето ова се случува пред очите на прилепчани, кај кои од ден на ден се зголемува чувството на страв и несигурност предизвикано од никогаш полошата безбедносна состојба во градот.

Ваквиот развој на настаните е директна последица на систематското урнисување на безбедносните служби, во режија на ДПМНЕ и министерот Панче Тошковски.

Пресметката со професионалците и поставување нестручни партиски војници на раководни места, не само во ОВР – Прилеп туку во целата држава, има една цел: партизирање на безбедносните структури и нивно ставање во функција и под целосна контрола на ДПМНЕ.

Или кажано со други зборови, после 7-годишна пауза, ДПМНЕ во нашите животи повторно го враќа системот МВРО – ВМРО.

Почитувани,

Неспособноста на прилепската локална власт да одговори на потребите на граѓаните, да ги решава нивните проблеми и, првенствено, да им ја гарантира безбедноста, одамна ја надмина границата на подносливост.

Она коешто на нашите сограѓани им е од приоритетно значење, е враќање на мирот и безбедното живеење.

Во таа насока, советничката група на СДСМ и Коалицијата ќе поднесе барање за дополнување на дневниот ред на седницата на општинскиот Совет закажана за среда, 18-ти декември, со нова точка: „Информација за актуелната безбедносна состојба во градот“, поднесена од страна на ПС од Општа надлежност – Прилеп.

Ви благодарам.

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ