Кројач скрои фармерки долги девет милиметри

0
680

Касим Андач, кројач од централниот турски град Кони, скрои фармерки со големина од само девет милиметри.

Андач, инаку е од семејство каде кројачкиот занат се пренесува од колено на колено, а дека се работи за вистински мајстор на овој занат покажуват и минијатурните панталони кои ги изработуваат. Во разговор со новинар од Анадолија, Андач рече дека повеќе од две децении се занимава со кројачкиот занает, кој го наследил од неговиот татко. Тој додаде дека неговиот татко еднаш многу одамна почнал да изработува минијатурни облеки кои ги давал како подарок на своите пријатели.

– Тоа ми се изгледаше многу интересно. Истражував, но никаде не најдов дека некој друг работи нешто слично. И јас почнав и успеав да скројам панталони со големина од девет милиметри, рече Андач и додаде:

„За жал не пронајдов соодветно копче и патент.“

Андач рече дека неговиот татко во почетокот скроил панталони од 7,5 сантиметри, потоа од пет, па со должина од 2,5 сантиметри, по што тврдел дека не е можно да се скројат помали. Тогаш, како што вели, тој одлучил да направи фармерки помали од 2,5 сантиметри.

– Беше навистина многу тешко. Панталоните со нормална величина можат да се скројат за три часа, но на панталони од девет милиметри работев три дена. Можам да речам дека работев деноноќно, почнав дури и да сонувам минијатурни панталони. Бев многу упорен бидејќи бев свесен дека ако некој направи помали од моите, јас ќе морам да направам уште помали, рече Андач.

Иако тој успеа да направи помали панталони отколку неговиот татко, Андач нагласи дека вештината во кројачкиот занат го научил неговиот татко.

– Мојот татко е еден од првите кројачи во Кони кој кроеше фармерки. Направив минијатурни фармерки затоа што ја сакам својата работа и сакав да покажам дека овој занат се уште живее, истакна Андач, додавајќи дека сонува да крои костими за ликовите на Дизни.