КРОМИДАРОВСКА : ЗАЕДНО СО ХРИСТО КОНДОВСКИ КОНТИНУИРАНО ЌЕ РАБОТИМЕ НА КОМПЛЕТНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ РЕШЕНИЈА КОИ ЌЕ ГИ ОТСТРАНАТ БАРИЕРИТЕ ЗА ПОЛЕСНО И ПОБЕЗБЕДНО ДВИЖЕЊЕ НА СЛЕПИТЕ ЛИЦА, ГРАЃАНИТЕ ЌЕ БИДАТ НАШ ПАРТНЕР НА КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИТЕ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

0
1029

Прес конференција на Елена Кромидаровска, кандидат за советник за Општина Битола од СДСМ.

Изборната програма на СДСМ и кандидатот за градоначалник, Христо Кондовски, содржат редица мерки за социјално ранливите категории граѓани, како и за лицата со попречености. Локалната власт што ќе ја предводиме ќе ги подобри условите и ќе ги прошири можностите за давање помош во домашни услови за изнемоштени стари и инвалидни лица во соработка со други институции и организации.

Континуирано ќе работиме на комплетни инфраструктурни решенија кои ќе ги отстранат бариерите за полесно и побезбедно движење на слепите лица. Регионалниот центар за слепи лица во Битола, пак, ќе биде партнер на Општина Битола во креирање на политиките кои ги засегаат нашите сограѓани со овој вид на попреченост. Во тоа денес лично ги уверивме членовите на Здружението на слепи лица од Битола што го посетивме заедно со кандидатот за градоначалник, Христо Кондовски.

На барање на глувите и наглуви лица од Општина Битола, ќе бидат имплементирани современи решенија за нивно безбедно движење низ градот, како и различни алатки за комуникација со локалната самоуправа и институциите во нејзина надлежност.

Во изборната програма предвидуваме и формирање на Центар за поддршка и различни видови на помош за жени во делот на правна, социјална и психолошка поддршка, посебно на жени и деца жртви на семејно и родово базирано насилство. Центарот ќе се формира во соработка со здруженијата и фондациите, и дополнително ќе работи во изнаоѓање на институционална поддршка и создавање на услови за изградба и опремување на шалтер – центар, во кој жените покрај безбедност ќе го трасираат својот пат кон финансиска стабилност и независност за себе и за своите деца.

Наша одговорност како локална самоуправа е да обезбедиме еднакви услови за квалитетен живот за сите граѓани на Битола!