КРЛЕЖИТЕ И ЛЕБАРКИТЕ НА ГРУЈО СИ РАБОТАТ ИАКО СЕ РУШИ РЕЖИМОТ КАКО КУЛА ОД КАРТИ: Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации пресече: Приватноста пред јавниот интерес

0
820

Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации ги одби барањата на БИРН за увид во анкетните листови на поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески и бившиот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Последните анкетни листови за имотот на Јанкулоска, Мијалков и Јанакиески остануваат тајна.

Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации застана на страната на Антикорупциската комисија. Комисијата, на чие чело сега стои токму поранешниот претседател на Антикорупциската комисија, Ѓорги Сламков, ги отфрли жалбите на БИРН за увид во првите и последните анкетни листови за имотната состојба на поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

БИРН ги поднесе овие барања уште во декември минатата година, со цел јавноста да добие слика за тоа со колкав имот овие функционери дошле на функцијата, а со колкав имот си заминале. Антикорупциската комисија ги одби нашите барања со образложение дека станува збор за „лични податоци, заштитени со закон“, а ова решение го потврди и Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, по што уште еднаш се отвори прашањето зошто воопшто анкетните листови за имотот на функционерите се објавуваат јавно, ако последниот анкетен лист претставува „таен податок“. Токму тој последен анкетен лист за имотот, треба да ја даде финалната слика за тоа колку богати си заминуваат функционерите кога ја напуштаат функцијата. Одговорот што го доби БИРН на поднесената жалба на одлуката на Антикорупциската комисија Но, за Антикорупциската комисија и за Комисијата за заштита на правото на пристап до информации, овие податоци се тајни. Според одговорите што ги добивме, „штетните последици врз интересот кој се заштитува, се пог