➡️Пристигнувањето на новиот трансформатор ќе го намали притисокот врз мрежата, ќе ја подобри системската сигурност за реоните на Струга, Охрид, Ресен, Битола и Прилеп, обезбедувајќи стабилно снабдување со електрична енергија за време на зимската сезона и ќе обезбеди сигурност на производството на електрична енергија во РЕК Битола, клучен снабдувач на електрична енергија во државата.
Тимовите на МЕПСО работеа неуморно за да го управуваат сложениот транспорт на овој голем и критичен енергетски уред, кој сегa e подготвен за монтажа.
АД МЕПСО ги презема сите можни напори за обезбедување стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија во земјата и во регионот.✅️
Фејсбук статус на Анастасија Илиеска.