КРИТИКИ ОД АНДОНОВ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: И ОВОЈ ЧОВЕК ИСПАДНА ПОПАМЕТЕН ОД АКТУЕЛНАТА ГАРНИТУРА НА ЧЕЛО НА ВМРО ДПМНЕ, ТОА САМО ВИ КАЖУВА НА КОЕ ДНО Е СПАДНАТО ВМРО КАКО ПАРТИЈА!!!

0
313

Оливер Андонов, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ го обвини раководството на партијата дека намерно се обидува да ја манипулира Македонската јавност,а особено патриотското и посветено членство на ВМРО-ДПМНЕ, обидувајќи се да ги доведе во заблуда дека воделе некаква борба околу пописот што според него е крајно некоректно кон сопственото членство и граѓаните, а на штета на интегритетот на ВМРО-ДПМНЕ.

Андонов смета дека политиката „без став“ и политиката на „бојкот“ е само сеење магла која води кон недоверба и апатија, кои потоа резултираат со изборен пораз.

Андонов ја разбива манипулацијата околу собирањето потписи преку цитирање на уставоти можносите кои ги има Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Уставот на Република Македонија во чл.71 децидно регулира дека “предлог за донесување на Закон може да даде Владата, било кој пратеник или 10.000 граѓани”, пишува Андонов.

Според него, во законот за референдум и други облици на покренување граѓански иницијативи е регулирано дека предлог за донесување на закон до Собранието на РМ може да поднесат 10.000 граѓани, односно за референдум 150.000 граѓани. Во членовите од 66 до 73 особено во чл.71 од овој Закон е определена постапката за покренување на иницијатива на државно ниво, бидејќи предлогот за донесување на Закон во Собранието е на државно ниво. При тоа, се определени роковите кои во крајна временска дистанца може да траат и повеќе од 4 месеци.

Андонов заклучува дека „треба да ни биде јасно дека и со еден милион потписи ние како граѓани неможеме да поништиме Закон. Закон се поништува исклучиво со гласање во Собрание или негово укинување од страна на Уставен суд.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ сака, може да покрене постапка за дополнување и изменување на Законот за попис или било кој пратеник да предложи нов Закон за попис, а во крајна линија да поведе иницијатива за одржување референдум за поништување на постојниот Закон за попис, но за жал пописот е предвидено да започне на први Април годинава, така што познавајќи го демократскиот капацитет на СДС сигурен сум дека ова би било нефункционално од едноставна причина што е доцна и роковите додека завршат и пописот ќе заврши.“

Затоа тој апелира партијата да предложи измени, доколку се точни најавите дека може да обезбедат уште три гласа како поддршка.