Криминалната ВМРО-ДПМНЕ што донесе сиромаштија во минатото сега манипулира, само 4 помали компании ја покачиле цената на еден тип на леб

0
377

ВМРО-ДПМНЕ 11 години спроведуваше криминални политики за лично богатење на поединци, осиромашувајќи ја и задолжувајќи ја државата, што резултираше со тоа стотици илјади граѓани да живеат под прагот на сиромаштија.

По промените, Владата предводена од СДСМ со конкретни мерки создаде нов систем на социјална заштита кој извлекува од сиромаштија, стандардот расте, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ преку груби манипулации лицемерно глуми загриженост за граѓаните.

Јавно објавените податоци од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство покажуваат дека промената на цената на лебот се однесува на еден тип на леб и корекцијата ја имаат направено само четири производители на леб, три од Скопје и една компанија од Тетово.

Досега ниту еден голем производител на леб ја нема зголемено цената на лебот.

Останатите лажни информации соопштени од ВМРО-ДПМНЕ се груби манипулации.

Доколку дојде до драстично зголемување на цените и на другите типови на леб, што би влијаело врз поскапување на животниот стандард на граѓаните,институциите, Министерството за земјоделство веднаш ќе интервенира преку Агенцијата за стокови резерви. На тој начин ќе се интервенира на пазарот за стабилизирање на цената на лебот.

Скопје, 05.12.2018 
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА