КРИВОСУДСТВОТО ВО ЗЕМЈАВА ПРАВИ РАСТУР СИСТЕМ : ЗА БЕКИМ НЕЗИРИ И АЛМИР РАМДЕДОВИЌ, УКИНАТА МЕРКАТА ,,КУЌЕН ПРИТВОР”

0
323

Апелациониот суд во Скопје ги уважи жалбите на обвинетите Беким Незири и Алмир Рамдедовиќ осомничени во случајот „М-НАВ“ и мерката „куќен притвор“, а остануваат мерките на претпазливост.

– Судот, ценејќи ги доказите приложени кон доставениот предлог за определување на мерка притвор, а имајќи предвид дека единствен доказ кој се однесува на осомничените е потврдата за привремено одземени предмети како и наводите во изјавената жалба на ОЈО Скопје против Решението на судијата на претходна постапка и образложението на обжаленото решение, оцени дека во истите не се приложени докази ниту се истакнати факти и околности кои укажуваат на реална опасност од бегство на осомничените, страв од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, ниту се наведени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, а имајќи ги предвид личните прилики на осомничените и нивното однесување по сторување на кривичното дело за кое се сомничат, стои во соопштението од Апелација.

При одлучувањето, како што се наведува во соопштението, овој Суд ги имаше во предвид и дадените предлози на Вишото јавно обвинителство Скопје со кои се предлага да се уважат жалбите на осомничените.