Sunday, April 20, 2025
21.8 C
Skopje

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДИРЕКТОРОТ И ВРАБОТЕНА НА СОЦИЈАЛНОТО ВО МАКЕДОНСКИ БРОД, ЗАТОА ШТО СКРИЛЕ СИЛУВАЊЕ НА ДЕТЕ

-СВР Битола – ОВР Македонски Брод, до Oсновното јавно oбвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Р.С.(38) и К.В.(44), двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ предвидено и казниво по член 364 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, директор на Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Македонски Брод, а второпријавената социјален работник во установата, на 07.03.2025 добиле телефонска пријава за полов напад и силување на дете кое било доделено во згрижувачко семејство и не наполнило 15 години, извршено од лице од Македонски Брод.

Имено, пријавените не презеле никакви службени дејствија по добиената пријава, како службени лица свесно пропуштиле да пријават кривично дело за кое дознале во вршењето на службената должност, а притоа не презеле никакви дејствија согласно законот за социјала заштита и подзаконските акти, Закон за правда на децата, со што создале услов за повторна виктимизација на детето-жртва на кривично дело – информираат од МВР.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕЏИТИ НАЈАВУВА: ТРАНСФОРМИРАЊЕТО НА ВЛЕН ВО ПАРТИЈА ПОЧНУВА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА

Изет Меџити / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ Првиот...

ПУТИН ПРОГЛАСИ ЕДНОСТРАН ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО УКРАИНА ЗА ПРАЗНИКОТ ВЕЛИГДЕН

Фото: kremlin.ru Примирјето ќе започне во сабота во 18 часот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ