Thursday, February 13, 2025
4.8 C
Skopje

КРИВИЧНИОТ СУД ГИ АМНЕСТИРАШЕ ОБВИНЕТИТЕ МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ, ТРАЈКО ВЕЉАНОВСКИ, СПИРО РИСТЕСКИ И ВЛАДИМИР АТАНАСОСКИ

По шест години притвори, куќни притвори, понижувачко однесување, Судот ги амнестира обвинетите. Уште од почетокот на процесот тврдевме дека се работи за политички монтиран, со цел да бидат ослободени од одговорност вистинските организатори на настаните, рече денеска адвокатот на екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски кој доби амнестија за случајот „Организатори за 27 април“.

Според Јордан Апостолски, настаните на „27 април“ навистина се тешко дело против државата, но и тогаш и сега го повикуваат јавниот обвинител, вистински да истражи кои се организаторите.

Според нас и изведените докази, може да се утврди дека во тогашното време во тие настани, МВР не си ја извршуваше својата задача кое беше под влијание и под контрола на коалицијата СДСМ-ДУИ. Технички министер беше Оливер Спасовски. Не беше Гордана Јанкулоска. Заменик-министер за внатрешни работи беше од ДУИ. Треба да се испита односот на сите партии во тогашната Влада. МВР во тогашното време не си ја исполни задачата, Нашите обвинети немаат никаква вина и допирна точка, додадоа од одбраната на дел од обвинетите за судскиот случај.

За адвокатот Еленко Миланов, Законот за амнестија е дециден и вели дека „законот не важи за оние кои што постапувале како организатори по соседма друга правна квалификација од членот 324“.

-Ова не значи дека организатори, дали имало или немало, никој не разговараше во овој дел. Не можеше да има постапка. сите мои претходни изјави беа во насока дека во однос на делото на кои сум бранител, не можеше да биде на сила обвинителниот акт и да трае сите овие години, кажа Миланов во изјава за медиумите.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ