Monday, December 2, 2024
0.8 C
Skopje

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ДВЕ ФИЗИЧКИ И ДВЕ ПРАВНИ ЛИЦА ОД СКОПЈЕ ЗА ПОВЕЌЕ СТОРЕНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА

Првопријавениот Н.Т., управител на второпријавеното правно лице, во текот на 2024 година, во повеќе наврати злоупотребил лични податоци на вкупно 588 лица, корисници на услуги, на кои што претходно им истекле договорите за користење на услугите од правното лице и со тие лични податоци склучил фиктивни договори како да наводно се склучени нови 588 договори за користење на услуги…

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Н.Т.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување на исправа” и „злоупотреба на лични податоци”, против правно лице со дејност во сателитска комуникација и емитување телевизиски програми од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци” и „фалсификување исправа”, против К.А.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина” и против правно лице – регистрирано за курирски услуги од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”.

Првопријавениот Н.Т., управител на второпријавеното правно лице, во текот на 2024 година, во повеќе наврати злоупотребил лични податоци на вкупно 588 лица, корисници на услуги, на кои што претходно им истекле договорите за користење на услугите од правното лице и со тие лични податоци склучил фиктивни договори како да наводно се склучени нови 588 договори за користење на услуги со второпријавеното правно лице за емитување сателитски телевиски програми. Врз основа на овие фиктивни договори, од второпријавеното правно лице, по неколку испорачани фактури трансферирал 1.637.080 денари на четвртопријавеното правно лице со кое што имал склучено договор за деловно – техничка соработка за наводна монтажа и демонтажа на сателитска опрема, за наводно склучените договори. Третопријавениот К.А., како управител на четвртопријавеното правно лице, уплатените парични средства ги вадел и ги давал во готово на првопријавениот Н.Т.- соопштуваат од МВР.

ОВАА НЕДЕЛА

СУДИР НА ИНТЕРЕСИ – ЕКС ДИРЕКТОР НА ЈЗУ СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА, ПЛАТИЛ ГЛОБА, ПА ГО РАЗРЕШИЛЕ

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната...

ВАНДАЛИЗМОТ НЕМА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ

Почитувањето на националните симболи е од суштинско значење за...

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 83-ГОДИШЕН СТРУЖАНЕЦ, КОЈ СО ПУШКА ГО УБИЛ КУЧЕТО НА СВОЈОТ СОСЕД

Фото : Илустрација ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83)...

МУЦУНСКИ : НОВАТА ВЛАДА Е СИЛНО ФОКУСИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ И СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИ

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, денеска имаше обраќање...

ЈАНЕВСКА : УЧК И НЕЈЗИНИТЕ СИМБОЛИ ЗА ОВАА ДРЖАВА НЕ ЗНАЧАТ НИШТО

Испраќањето инспекција во училиштето во тетовското село Челопек е...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ