Кривична пријава за поткуп при избори за советник на ВМРО-ДПМНЕ

0
700

Неофицијално дознаваме дека Секторот за внатрешни работи Штип при Бирото за јавна безбедност на МВР поднел кривична пријава против К.Ѓ., член на Совет на општина Кочани, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори и гласање“ на последните парламентарни избори.

Според кривичната пријава, постои основано сомневање дека К.Ѓ. на С.Џ. од Виница му ветил дека ќе го вработи неговиот син доколку тие и други лица гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и тие поради тоа гласале за оваа партија. На 15 јули К.Ѓ. со своето возило Опел од градскиот плоштад во Кочани го зел С.Џ и други лица и ги однел до гласачките места да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Од МВР потврдуваат дека е поднесена кривична пријава против К.Ѓ.

Извор : ЦивилМедиа