КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА ПРОТИВ ДИРЕКТОР НА УЧИЛИШТЕ ВО КОЧАНИ – ИЗДАЛ БИФЕ БЕЗ ЈАВЕН ОГЛАС

0
166

Одделението за внатрешни работи Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против С.З.(34) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот, вршител на должноста директор на Средно општинско училиште „Ѓошо Викентиев“ во Кочани, со отпочнување  на учебната 2022/2023 година дал под закуп деловен простор, сопственост на училиштето, на правно лице од Кочани, без да спроведе посебна постапка за закуп на недвижни ствари со електронско јавно наддавање и без да склучи Договор за закуп на деловен простор.