Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

КРИВИЧНА ЗА ДРИН АХМЕТИ : ИСКОПУВАЛ ВАРОВНИК БЕЗ НАДОМЕСТОК ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА

МВР поднесе кривична пријава против внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, поради сомнежи за злоупотреба на концесијата за рудник кај Кичево.

Освен Дрин Ахмети, кој е управител на компанијата од Кичево од 2017 до сега, со пријавата за „злоупотреба на службена положба и овластување“ опфатен е и управителот што раководел од 2008 до 2017 година.

-Во период од 2016 година до 2023 година кривично пријавените постапиле спротивно на Закон за минерaлни суровини и договорот за концесија за експлоатација на локалитет во општина Зајас, склучен меѓу правното лице и владата, претставувана од страна на тогашниот министер за економија.

Истите биле должни да плаќаат точно утврден годишен надоместок за користење на просторот кој бил доделен со концесија за експлоатација и надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина, и како потписници на сметка на правниот субјект исплатиле помалку концесиски надоместоци во вкупен износ од 1,6 милиони денари, при што предизвикале штета и на буџетот, соопштија од МВР.

Пријави за несовесно работење има и за неколку вработени во Министерството за економија кои биле должни да вршат надзор на концесијата,меѓу нив и двајца инспектори.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА , ПОПНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ,,ЧАГАТАЈ КАБЛО”

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови...

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

ВИСАР ГАНИУ ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ АРСОВСКА „НИКОЈ ОД ОПШТИНА ЧАИР НЕ Е ИНВОЛВИРАН“

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу го осуди нападот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ