Monday, May 19, 2025
5.8 C
Skopje

КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ПРОТИВ ЗАМЕНИК ПРЕМИЕРОТ СТОИЛКОВИЌ ОД БОШЊАЧКИОТ ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ

Бошњачкиот демократски сојуз какo политичка партија и Бошњачкиот национален сојуз како здружение на бошњачки невладини организации во својство на подносители на кривична пријава против Иван Стоилковиќ за кривично дело Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства чл.407-а ст.2 и ст.4 а в.в.403 од КЗ поднесоа писмена УРГЕНЦИЈА до Основното јавно обвинителство Скопје за што побрзо превземање на дејствија во насока на водење ефикасна кривична постапка за да може да се утврди вина на пријавениот.

Имено, Иван Стоилковиќ во април 2024 година по повод од одлуката на Република Северна Македонија да биде коспонзор на Резолуцијата за Сребреница во ОН, геноцидот во Сребреница го нарече „Некрофилски дизниленд“. Со оглед на тоа дека се поминати седум месеци од поднесувањето на кривичната пријава, подносителите на истата доставија писмена ургенција со надеж да Основното јавно обвинителство во разумен рок да извести за текот на кривичната пријава.

Освен што е важно да се запазат роковите и почитуваат одредбите од Законот за кривична постапка, оваа кривична пријава е од јавен интерес бидејќи пријавениот Иван Стоилковиќ е носител на висока јавна функција и тоа: Заменик премиер, министер за односи меѓу заедниците во Владата на Република Северна Македонија и претседател на политичка партија, а со оглед на природата на кривичното дело за кое се пријавува, морално етички и секако е несполиво да пријавениот е министер на ресор за односи меѓу заедниците а друга страна грубо и навредливо да негира.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ