КРЕМЉ И ПОРАЧА НА СРБИЈА ДЕКА РАЗБИРА ПОД КОЛКАВ НЕЗАПАМЕТЕН ПРИТИСОК СЕ НАОЃА

0
989

Кремљ разбира дека раководството на Србија е под незапаметен притисок од Западот и го цени ставот на претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Ова денес го изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков и додаде дека Москва се надева на понатамошен развој на односите на двете земји.

„Целосно го сфаќаме притисокот без преседан од колективниот Западот врз српското раководство и цената и напорите кои му се потребни на раководството на Србија да го издржи овој притисок до денес“, кажа портпаролот на Кремљ, а пренесува ТАСС.