КРВТА СЕПАК НЕ Е ВОДА : Приведени синовите на Мијалковци, претепале 19 годишно момче

0
282

Синовите на Сашо и Влатко Мијалкови синоќа заедно со уште четворица претепале едно 19-годишно момче во клубо Харт бар, на улицата Наум Наумовски Борче во Скопје и во моментов се во полициската станица Кисела Вода во Скопје, а, според  извори на Слободен печат, јавен обвинител треба да одлучи какви мерки ќе бидат преземени против нив.

Претепаното момче 30 минути по полноќ пријавило дека околу 21.45 часот во Харт бар бил нападнат од Жарко Кртолица, Алекс Мијалков, Матеј Казаков, Филип Мијалков, Стефан Ристов и Илија Саздовски кои го удирале со боксови по главата и телото. Ќотекот продолжил надвор пред објектот, а откако момчето паднало на земја, продолжиле да го удираат со клоци по телото и по главата. Лекарска помош му била укажана во болницата Наум Охридски. Во моментов синовите на Мијалкови се во станица и се чека одлуката на обвинителот.

МВР за нашата редакција го потврди настанот.