КРВТА НЕ Е ВОДА : БРАТУЧЕДОТ НА ЗОРАН СТАВРЕВСКИ ЈА ОШТЕТИЛ ДРЖАВАТА ЗА 1 МИЛИОН ЕВРА

0
2127
Екс министерот за информатичко општество и администрација-Иво Ивановски дозволил да отидат скоро милион евра народни пари на сметка на фирмата „Виста Груп“ (во сопственост на првиот братучед на Зоран Ставревски – Сашо Ефтимоски), за проектот Интероперабилност, иако фирмата не го испочитувала Договорот склучен со Министерството.
Станува збор за проектот што беше помпезно најавуван т.е. систем за меѓусебна размена на податоци помеѓу државните институции.
50223be50c9d2636cb2bdf694913c667_XL
– ВИСТА Груп, зела скоро 1 милион евра, а не го исполнила договореното што е противзаконски;
– За овој проект не постои ниту записник за примопредавање, затоа што никој не сакал да преземе одговорност за овој криминал;
– Виста Груп не го испочитувала, ниту рокот за реализација на проектот, а и покрај тоа министерството не ја активирала банкарската гаранција, што е спротивно на договорот и на штета на граѓаните;
Скандалот е толку голем што за овој срамен криминал биле свесни сите во министерството и во останатите институции вклучени во проектот, па и Владата.
Но како добро организирано злосторничко здружување, наместо да ги отстранат неправилностите или да ги информираат органите на прогон, тие пробале тоа добро да го затскријат со доверливи и тајни документации, реорганизација на работењето и нови дополнителни инвестиции за спроведување на веќе исплатениот проект.
Извор : CentarNews