КРАЈНО ВРЕМЕ Е МВР ДА ПОЧНЕ ДА СЕ ЗАНИМАВА СО ОВИЕ НА БАЧЕВ И КЕКЕНОВСКИ : НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ,,ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА” ЗА ВРЕМЕ НА КОРОНАВИРУС ПАНДЕМИЈА ПОВИКУВААТ НАРОД НА СОБИРИ ПО ЦРКВИТЕ!

0
927

Петрески со моќна порака до МПЦ: Отворете ги Црквите за Велигден кои не биле затворени ни во турско.

Претседателот на Општинскот комитет на Единствена Македонија Прилеп, Звонко Петрески, на денешната прес конференција упати порака до Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Единствена Македонија како и секогаш кога македонскиот народ е во опасност, така и во време на наметнат хаос и страв, нема да го остави македонскиот народ незаштитен, посебно кога се работи за духовните вредности, кои се стожерот за опстанок, на нас, Македонците во Македонската Православна Црква.

 

Со член 19 од Уставот на Република Македонија се гарантира слободата на вероисповеста. Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата.

 

До Синодот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија!

 

Нели ви е срам што до сега не се дрзнавте да издејствувате слобода на православната исповед загарантирана со уставот за православниот македонски народ???

 

Зошто дозволивте преќутно народот да биде во незаконска забрана за одржување на редовните литурии, спиете ли во некој зимски сон, во пред торжественото салвославие, на најголемиот христијански празник ,,Христовото Воскресение,,???

 

Каде сте да се произнесете со ваш став за тоа зошто ни ги затвораат православните храмови, зошто ни забрануваат да го славословуваме БОГА по нашите православни храмови, зошто молчите и клечите на колена пред оние што ги донесуваат овие без божнички закони со кои ни се забранува загарантираното уставно право од членот 16 од Уставот на Република Македонија, и со кој ни се укинува торжественото Богославие, на литургии и прославувањето на најголемиот наш христијански празник Велигден, кој за воља на вистината ниту во турско не било забрането да се прославува.

Каде сте да дадете ваш придонес, да се изборите пред овој ненароден режим , кој, ако не кренеме глас, Ние, Македонците, ќе ни го забрани и правото на дишење на воздух…

Со секоја почит кон вас како синод на МПЦ, но, Единствена Македонија ви порачува, да во најбрз можен рок, излезете со известие и јавно се произнесете за состојбата во која се наоѓа Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Која е вистинската причина што после два милениума да се забранува славењето на најголемиот христијански празник ,,Христовото Воскресение“. Јавно да кажете, дали сте со било што уценувани да молчите за сето ова и дали ќе се изборите да по примерот на Бугарската православна црква која ги отвора вратите на црквите за Велигден, и ние Македонците во своја држава и оваа година како и сите досега претходните, во нашите храмови да го прославиме Велигден како што доликува.