КРАТКО ЧЕТИВО ЗА НАЈТЕШКИТЕ МОМЕНТИ НА САМОХРАНИТЕ МАЈКИ, НИВНИТЕ ТЕШКИ МИГОВИ И НИВНИТЕ БИТКИ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ ВО ЖИВОТОТ

0
1450
Деновиве слушам некако полека, да не речам и со малку задршка самохраните мајки и татковци ја повикаа државата за помош. А, знаете ли зошто е тоа така “тивко” речено, повикано, замолено, затоа што тие не бараат ништо лично туку, бараат за своите деца!

Од обичен таблет или компјутер до кров над глава. Тука, за останатите потреби треба многу да набројувам… ескурзии,стипендии, скромен џепарац за тинејџерите, пари за справување со ковид(тестови, витамини, поздрава храна за децата и.т.н), потоа “ненормално” високи сметки за струја па, ако сакате и патики, фустан за матура , велосипед и сите, кои се родители, веќе си знаат што се е потребно на едно бебе, дете,тинејџер.

Најтешко поминуваат оние мајки и татковци кои го изгубиле брачниот другар засекогаш, умрел, толку точка! Остануваш сам со своето дете и сега што???…Морам и можам !

ДА, можам и сакам од лично искуство го кажувам овој момент со смрт на едниот родител. Е, нема потешко, така едноставно НЕМА.Одеднаш во миг, треба да сакаш за двајца, да знаеш да гушкаш за двајца, да неспиеш за двајца, да тагуваш за двајца, да се радуваш за двајца и што уште не, живот…

Сите вие, родители кои сте разведени и тоа знам, многу е тешко, но вашето дете знае дека таму негде има татко или мајка, па макар и на другиот крај на светот ЖИВИ, некаде длабоко во детското срце има искра надеж.Смрта на родител за едно дете е најстрашното нешто што може да го доживее.

Меѓутоа, темата беше самохраните родители.

Знаете ли колку сила е потребна да знаеш да ДИШИШ за двајца.Е, затоа се тивки тие родители со огромно разбирање и толеранција, многу се уморни, но во исто време и силни како карпа.

Државата е должна час поскоро во овој многу тежок период за сите граѓани на С.Македонија да помисли на овие еднородителски семејства .Уште вчера требаше да се обезбедат средства, барем во мал дел од проблемите со кои што се соочуваат секојдневно да им помогне во период на ковид и енергетска криза со пакет финансиска мерка ,токму на овие семејства.

Со надеж, дека ќе се разгледа и ова горко прашање во нашето општество.
Благодарам 🙏
Фејсбук статус на Рената Костовска