КРАТКОМЕТРАЖНИТЕ ФИЛМОВИ „ЗЕМЈА“ И „БАЛКОНИ“ УТРЕ НА ПРОГРАМАТА НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЗВУЦИТЕ НА ЧАРШИЈАТА“

0
65

Утре од 16 часот манифестацијата „Звуците на чаршијата“ продолжува со настанот „Чаршиските улици“ во чии рамки концерт ќе одржат Сарана Адеми на флејта и Верица Шотаровска на пијано.

Во 17 часот пред Џамијата на Мурат Паша предвиден е настап на Адил Алуш и „Јени Јол оркестар“.

Во 19 часот на плоштадот Скендербег ќе биде одиграна театарската претстава „Не плаќам“, а од 20 часот на плоштадот Филип Втори ќе се одржи концерт под наслов „Есенски звуци, бојата на ѕвукот“.

Во 22:30 часот на Скопското кале ќе бидат проектирани два краткометражни филма: „Земја“ во режија на Ибер Деари и „Балкони“ на Линдита Зеќирај.