КРАЛОТ НА СЛОБОДНИТЕ УДАРИ СИНИША МИХАЈЛОВИЌ ПОЧИНА ОД ЛЕУКЕМИЈА

0
562

Еден од најдобрите српски фудбалери на сите времиња, а подоцна и тренер, Синиша Михајловиќ, почина по тешко и долго боледување на 53-годишна возраст, објави Газета дело спорт.Михајловиќ починал во болница во Италија опкружен со своето семејство. Здравствената состојба рапидно му се влошила претходните денови, повеќе пати ја победувал порочната болест, но леукемијата „покажала заби“ и засекогаш му ставила крај на животот.