„КРАЛЕВИТЕ“ И „МИЛИОНЕРИТЕ“ НА МЕГДАН ДО ЛОНДОН ВО ФИНАЛЕТО НА ФУДБАЛСКАТА ЛИГА НА ШАМПИОНИ

0
102
За Реал Мадрид ова ќе биде само уште едно финале во низа и можност за додавање на сопствениот рекорд.За Борусија Дортмунд, шанса која ретко се појавува и можност да испише уште една убава аутсајдерска приказна на историските страници на европскиот фудбал.

Различните перспективи на финалистите во Лигата на шампионите ќе се судрат вечерва на стадионот „Вембли“ во Лондон (21 часот) и ќе им дадат на навивачите спектакуларен крај на уште една одлична сезона во елитното натпреварување.

Пресметката помеѓу Реал и Борусија ќе стави крај на сегашниот формат, бидејќи следната сезона нема да има поделба во групи.Борусија на „Вембли“ ќе го игра само третото финале во Лигата на шампионите (една победа, еден пораз). За симболиката да биде посилна, пред 11 години го победија и Баерн Минхен во Лондон и загубија (2:1), а потоа, како и сега, Марко Ројс и Матс Хумелс го носеа жолто-црниот дрес .„Милионерите“ до финалето стигнаа откако како првопласирани ја минаа најтешката група (Милан, Њукасл, ПСЖ), а потоа и ПСВ (1:1, 2:0), Атлетико (1:2, 4:2) и ПСЖ (1:0 1:0) стигнаа до мегдан со „кралот“.

Дортмунд на последните 11 натпревари во Лигата на шампионите забележа само еден пораз, во шест наврати ја чуваше мрежата, а на девет од десет натпревари во споменатата серија прв постигна гол. Избраниците на Един Терзиќ покажаа дека знаат да се бранат кога е потребно, но и да атакуваат на голот кога тоа го бараат условите на теренот, па тешко е да се класифицираат во калапот на дефанзивно или офанзивно ориентиран тим.

Истото може да се каже и за Реал Мадрид, кој како „камелеон“ се прилагодува на противникот по инструкции на Карло Анчелоти. Кога треба да се „паркира автобусот“ против Сити на Гвардиола, тоа не е проблем. Но, дури и кога е се или ништо, Винисиус, Белингем, Родриго и друштвото секогаш некако наоѓаат начин да се извлечат од пропаст и да излезат победници. Сето ова води до заклучок дека и во случај Борусија да води во секој момент, Реал не треба да биде отпишан.

Сезонава „кралевите“ во елитното натпреварување (девет победи, три нерешени), по групата во која беа максимални со 18 освоени бода (Наполи, Брага, Унион Берлин), во елиминациската фаза, ги поминаа Лајпциг (1:0, 1:1), Манчестер Сити (3:3, 2:1), и Баерн (2:2, 2:1).

Тимот од Мадрид никогаш во историјата до сезоната 2023/2024 не стапна на сцената за круната без ниту еден пораз, а од 17 финалиња што ги одиграа загуби само три и се апсолутни рекордери во Лигата на шампионите со 14 титули. Последното финале што го загубија беше далечната 1981 година во пресметката со Ливерпул (0:1).Кога станува збор за дуелите на овие два тима, досега имало 14 победи на Реал, три на Борусија, додека пет дуели завршиле нерешено.Сепак, во последните шест пресметки со екипата од Дортмунд кои се одиграа надвор од Мадрид, „кралот“ има само еден триумф. Натпреварите на овие два тима традиционално се полни со голови и само една од 14-те меѓусебни средби заврши со помалку од два постигнати гола.