Sunday, June 22, 2025
21.8 C
Skopje

КОЊОТ ТОШКА И УШТЕ ДВА ОД ИЛИНДЕНСКАТА КОЊАНИЦА ОД ГОРНО ЛИСИЧЕ ЗАВРШИЛЕ НА ЛИВАДА ВО КАВАДАРЦИ, МИНИСТЕРОТ ТОШКОВСКИ ИСТРАЖУВА

Коњи учесници во Илинденскиот марш кои претходно биле пријавени за украдени во Скопје, пронајдени се во Кавадарци. Од СВР Велес денеска потврдија за МИА дека имаат евидентирано ваква пријава во кавадаречката полиција. -Денеска 25.07.2024 во ОВР Кавадарци, И.Т. од Скопје пријавил дека на ливада во близина на улица ,,Клинска” во Кавадарци, ги пронашле коњите кои биле ангажирани за учество во Илинденскиот марш, за кои претходно во Полициска станица Аеродром во Скопје, било пријавено дека се украдени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во писмениот одговор од портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

Оваа фотографија МИА ја направи во паркчето спроти полицијата во Кавадарци, во централното градско подрачје. Покрај коњот беа неколку лица. Едниот од нив ни се претстави како Игор Тасевски и рече дека е сопственик на еден од коњите што биле украдени, коњот Тошка. – Всушност, беа украдени три коњи од седиштето на Илинденскиот марш во Горно Лисиче, пронајдени се во Кавадарци, рече тој.

ОВАА НЕДЕЛА

НАПАДИТЕ ВРЗ ИРАН – НАЈГОЛЕМИОТ И НАЈРИЗИЧЕН ЧЕКОР НА ТРАМП ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА

Со својата невидена одлука да ги бомбардира нуклеарните постројки...

ОД УЛИЧНО НЕДОРАЗБИРАЊЕ ДО ТЕПАЧКА СО ТУПАНИЦИ И СТАПОВИ НА ЈАДРАНСКА МАГИСТРАЛА

Во меѓусебната тепачка учествувале М.В. (32), Ш.В. (46), двајцата...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ