КОЈ ЌЕ ЈА ЛАПНЕ СТОПАНСКА БАНКА, ДАЛИ ДОЛГОТО ЛЕПЛИВО РАЧЕ НА ДПМНЕ ЌЕ СЕ ЗАЛЕПИ ЗА ОВАА ЗЛАТНА КОКОШКА: Банката враќа кредити кон централата во Грција, се спрема за продажба?!

0
811

„Стопанска банка Скопје“ планира предвреме да отплати два кредити од 45 милиони евра на својот најголем акционер – грчката банка НБГ. Банката  објави предлог одлука што ќе се најде на гласање на акционерското собрание закажано за средината на јули, годинава.

94035de8-dc46-4524-b91a-73c001fc258f-stb

Некои аналитичари и претставници на инвеститорската заедница во земјава овој потег на „Стопанска банка Скопје“ го толкуваат како чистење на биланси што пак во банкарските кругови се толкува како дополнителна консолидација и можна подготовка на НБГ Грција за продажба на најголемата македонска деловна банка на потенцијален купувач.

„Стопанска банка Скопје“ извести дека за својата намера за предвремена отплата побарала и добила таканаречена „претходна согласност“ од Народната банка на Македонија, согласно со нашето национално законодавство. Во претходната согласност нашата Народна банка поставила услов според кој „Стопанска банка Скопје“ пред да донесе одлука за предвремена отплата на двата кредити, мора да донесе одлука и да изврши прераспределба на 35 милиони евра кои сега се дел од акумулираната добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите. Односно за тој износ да не може да се дели како дивиденда туку со него да биде зголемен основачкиот капитал на банката за сметка на износот на акумулираната (т.е. задржана добивка) на банката.

Според образложението дадено од Стопанска банка Скопје кон предлог одлуката за предвремена отплата станува збор за два кредити од кои: првиот одобрен во декември 2006 година на износ од 20 милиони евра кој доспева на исплата за 10 години односно во 2016 година и вториот на износ од 25 милиони евра одобрен и добиен во ноември 2008 година кој доспева на наплата во 2018 година.

Амбициозен план на „Стопанска банка Скопје“: добивката за годинава и в година да надмине 36 милиони евра

За престојното акционерско собрание на дневен ред е и бизнис планот на банката за периодот од 2015 до 2017 година во кој целите се поставени доста амбициозно, но се поткрепени со реални и активни мерки. Според достапните објавени податоци планот е годинава банката да заврши работење со добивка од 36 до 40 милиони евра. За оваа година проектираната добивка е 36,4 милиони евра, за вгодина е 37,4 милиони евра за во 2014 година да достигне износ од 40 милиони евра. Во овој период 2015 до 2017 година банката очекува кредитите за население да пораснат за 90 милиони евра до износ од 726,6 милиони евра, а кредитите за правни лица годинава да достигнат 381 милиони евра, а во 2017 година да надминат 443 милиони евра. Кај депозитите (вкупни) банката планира годинава да го достигне нивото од 1,11 милијарди евра, а во 2017 година тој износ да надмине 1,24 милијарди евра!

Извор: Фактор.мк