КОЈ ЛАЖЕ ТОЈ КРАДЕ ИМА ВОШКИ И НА ТАВАН СПИЕ – ШОКАНТНО – НАРОДНОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ГИ ДЕМАНТИРА АДВОКАТИТЕ НА КАМЧЕВ КОИ ГИ ЛАЖАТ МЕДИУМИТЕ ЗА ТОРТУРА ВРЗ КАМЧЕВ: НИКАДЕ НЕ СМЕ КАЖАЛЕ ДЕКА ВРЗ КАМЧЕВ СЕ ВРШИ ТОРТУРА!

0
441

Адвокатите на Камчев денеска ги излажаа македонските медиуми и лажно цитираа измислен извештај на НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ во кој наводно пишувало дека врз Камчев се врши тортура и се загрозува неговото здравје. Со овие лаги адвокатите настапиле и пред македонски амбасади и пишувале писма до меѓународни институции.

Од канцеларијата на народниот правобранител за Канал 5 велат дека констатирале несоодветни услови во притворското сместување на Камчев и дека по нивната реакција, условите биле подобрени, но дека не станувало збор за утврдена тортура.

Директорот на затворот во Шутка, Филип Андов, за Канал 5 вели дека увид бил извршен, но ги негира информациите за нехуман третман врз притвореникот.