КОЈ ИМ ДАДЕ ПРАВО НА НЕПИСМЕНИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО СОФИЈА ДА ГО СРАМАТ БУГАРСКИОТ НАРОД, ВЕЛИ ЗАХАРОВА ЗА ЗАБРАНАТА ЗА ПРЕЛЕТ НА ЛАВРОВ

0
288

„Зборуваме не само за глупост, туку за опасната глупост на некој интригант во структурите на моќ во Бугарија. Факт е дека правилата за воздушниот сообраќај се регулирани со Чикашката конвенција за меѓународно цивилно воздухопловство од 1944 година. Таа пропишува дека територијата на една држава треба да се разбере како ‘копнени територии и соседни територијални води’. Воздушниот простор не е вклучен во терминот ‘територија’. Во оваа насока, и онака незаконските санкции на Европската Унија не можат да се прошират на нонстоп лет со авион на лице на кое му е забранет влез на територијата на државата“, вели портпаролката на руското МНР.

Потегот на бугарските власти, и покрај претходно даденото одобрување, да не дозволат прелет на авионот со кој шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров синоќа пристигна во Скопје за Министерскиот совет на ОБСЕ, во објава на Телеграм остро го искритикува портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, која била и причината за одлуката на Софија.

Таа во објавата на платформата за споделување пораки, одлуката на Бугарија ја окарактеризира како „злобна глупост на русофобите“.

„Злобната глупост на русофобите стигна дотаму што по првпат во нашата историја официјалните власти забранија не авион, туку човек во авион да биде на небото – еве што пишувало во официјалната нота на бугарското МНР: Авион може да лета над Бугарија, но Марија Захарова не може да лета во авион“напиша Захарова.
Шефицата на одделот за информации и печат на Министерството за надворешни работи на Русија со доза на иронија го коментира потегот на Бугарија, велејќи дека „ништо не беше кажано дали можам да летам над Бугарија без авион или дали е можно да се искористи вселената за ова“.

„Сега да станеме сериозни. Зборуваме не само за глупост, туку за опасната глупост на некој интригант во структурите на моќ во Бугарија. Факт е дека правилата за воздушниот сообраќај се регулирани со Чикашката конвенција за меѓународно цивилно воздухопловство од 1944 година. Таа пропишува дека територијата на една држава треба да се разбере како ‘копнени територии и соседни територијални води’. Воздушниот простор не е вклучен во терминот ‘територија’. Во оваа насока, и онака незаконските санкции на Европската Унија не можат да се прошират на нонстоп лет со авион на лице на кое му е забранет влез на територијата на државата“вели Захарова во реакцијата.Во тој контекст, таа упатува неколку реторички прашања до бугарските функционери – дали помислиле дека слични мерки би можеле да се применат како одговор на илјадници функционери на НАТО кои се на нашите (руските) стоп-листи и дали размислувале дека создаваат опасен светски преседан.

„Мислам, не!“,вели портпаролката на руското МНР.Таа објавата ја завршува со уште едно прашање:
„Кој им даде право на неписмени функционери во Софија да го срамат бугарскиот народ?“
Како што веќе објавивме, авионот со кој шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров доцна синоќа допатува во Скопје за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ, прелетал преку воздушниот простор на Турција и Грција, иако претходно се очекуваше маршрутата да оди преку Бугарија, јави руската државна новинска агенција ТАСС.
Во нотата на бугарското Министерство за надворешни работи со кое не се дозволува прелет на воздухопловот преку нивниот воздушен простор, а која ја обезбедила руската новинска агенција, било наведе

„Дозвола за учество на горенаведената средба во Скопје се дава на министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, и неговата придружна делегација во согласност со белешката… Дозволата не важи за директорот на одделот за информации и печатот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која се појавува на списокот со санкции, во согласност со важечките закони на ЕУ“.

Летот на авионот со руската делегација на чело со Лавров траел повеќе од пет часа, поминувајќи околу четири илјади километри.
Маршрутата на летот е забележана и од „Флајтрадар24“, од чија мапа се гледа дека авионот на Лавров тргнал од Санкт Петербург, по што прелетувајќи над Црното Море, влегол во воздушниот простор на Турција, а потоа и на Грција, пред да слета кај Скопје.Инаку, прелетот и слетувањето на авионот на министерот за надворешни работи на Русија претходно беше одобрено од Владата и од надлежните министерства за надворешни работи и за одбрана на С Македонија. Прелет на авионот на Лавров во својот воздушен простор одобри и официјална Софија, но се предомислиле поради присуството на портпаролката на руското МНР, Захарова.