Monday, April 28, 2025
10.8 C
Skopje

„КОЈ Е СЛЕДЕН“ ЗА ОБВИНУВАЊАТА ОД СЕСТРАТА НА ТРАГИЧНО ЗАГИНАТАТА ФРОСИНА: ПРИЧИНА ЗА НАШИТЕ ПРОТЕСТИ Е НЕФУНКЦИОНАЛНИОТ СИСТЕМ

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ реагираше на критиките од Росица Кулакова, сестрата на трагично загинатата Фросина Кулакова, која ги обвини организаторите дека ја злоупотребуваат трагедијата за свои интереси.

Борјан Ефтимов, претставник на иницијативата, истакна дека ја почитуваат слободата на изразување и разбираат дека има различни ставови. „Свесни сме за обвинувањата, но остануваме посветени на нашата цел.

Несреќата на Партизанска, во која го загуби животот Фросина Кулакова, беше моментот што нè обедини како граѓани, но вистинската причина за нашата борба е нефункционалниот систем што ги загрозува сите. Нема да дозволиме вакви трагедии да бидат заборавени, затоа што се работи за безбедноста на секој поединец“, изјави Ефтимов.

Од друга страна, Росица Кулакова смета дека довербата што семејството ѝ ја дало на иницијативата била изневерена. Таа нагласи дека на протестите излегува чесен народ, но нејзините критики се однесуваат исклучиво на организаторите.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЛИПЧЕ: МАКЕДОНИЈА ГОДИНАВА ЌЕ БИДЕ СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ