Кој е Македонецот што во швајцарска банка чува 54,6 милиони долари

0
605

Швајцарската Влада почна да ги објавува имињата на германски и на други странски државјани за кои постои сомнеж дека затајувале данок преку сметките отворени во швајцарските банки.

images-113

Дополнително пред неколку дена Европскиот парламент донесе директива за објавување на вистинските сопственици на фирмите со сметки во швајцарските банки.

Неодамна истражувањето на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство ги потврди шпекулациите присутни со години, дека и Македонци чуваат милиони во швајцарски банки.

Истражувањето покажа дека во банките имало и 9 клиенти од Македонија, кои на 15 сметки имале 164 милиони долари.

Она што посебно паѓа во очи е податокот од истражувањето дека само на една сметка, лице од Македонија има 54,6 милиони долари.

Сметките на клиентите од Македонија се отворени во периодот од 1988 до 2006 година.

Од Македонија годишно во просек се изнесуваат по 521 милион долари илегални пари, покажува истражувањето на меѓународната организацијата „Глобал фајненшл интегрити“ од Вашингтон, според чии резултати Македонија е на 79. место на листата држави според илегалното изнесување пари.

Најмногу нелегални пари од Македонија се изнесени во 2008 година и тоа 928 милиони долари, и во 2011 година, 852 милиони долари.