Friday, February 14, 2025
5.8 C
Skopje

Кој е вистинскиот сопственик на парцелите на Водно?

Иницијатива за ништовност за рушењето на приватните гаражи на Водно најавија нивните сопственици, меѓу кои е и бизнисменот Ристо Гуштеров, велат од Општина Центар. Гаражите се наоѓаат на местото каде треба да се отвори пат кон парцелите наменети за семејно домување и кои СДСМ обвини дека се на луѓе блиски до власта, пишува Радио Слободна Европа.

parceli v

Раководителот на секторот за инспекциски работи при Општина Центар, Кочо Стојчевски, вели дека постојано им се вршел притисок за постапување по градежните решенија, кои биле донесени во времето на претходниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, при што управната инспекција најавила и казни доколку тоа не биде спроведено.

„Господинот Гуштеров најави дека ќе поднесе иницијатива за ништовност на решението, кое според него не е поднесено според закон. Ние ќе ја разгледаме таа иницијатива и ако се покаже дека решението не било согласно законот, тогаш може да стане збор за одлагање на целата постапка. Но, ако е според законот, ќе постапиме кон реализација на решението“, вели Стојчевски.

Според него, наредното извршување на решението е закажано за наредниот вторник. Парцелите за кои се отвора пат се со површина од 12 илјади метри квадратни и на нив сега се наоѓа шума.

„Би било во најмала рака невкусно тоа да им се направи на жителите на Водно. Тоа е мој личен став и мислам дека сопственикот на тие парцели треба да го знае“, додава Стојчевски.

Во една од таканаречените бомби на опозицијата токму парцелите беа дел од прислушувани разговори, во кои како што тврдеше лидерот на СДСМ Зоран Заев, може да се слушне премиерот Никола Груевски како разговара со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и бара промена на урбанистички планови и оти тој е вистински сопственик на парцелите.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=cMrWZ20-9KU[/youtube]

„Прв машки глас: Види, со обзир дека ГУП-от се наближува.

Втор машки глас: Добро.

Прв машки глас: Ако не најдеме купец за ова, знаеш, горе кај ВТ.

Втор машки глас: Добро.

Прв машки глас: Да го претвориме во онакво како што ти кажав, знаеш.

Втор машки глас: Да, да, ама така е направено.

Прв машки глас: Тогаш одма го продавам. Имам више заинтересиран.

Втор машки глас: Така е направено, општо, Ви кажав. Општо е ставено таму.“

ОД СДСМ приложија и документи од Централниот регистер, според кои парцелите се во сопственост на домашната компанија Кара и компаниите кои потекнуваат од оф шор дестинациите Ексико и Сирах лимитед. Според СДСМ, токму Сирах лимитед се поврзува со Груевски, бидејќи управител на компанијата е неговиот кум Ристо Новачевски.

Парцелите се дел од деталниот урбанистички план Капиштец Водно, чие донесување во минатата година беше спорно, бидејќи 11 советници гласаа за и 11 против, а претседавачот на Советот Мирослав Шиповиќ беше воздржан.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

РАКУНИ СЕ СЕКСААТ НА КРОВ ОД КОЛА

Луди работи се случуваат на платформата ,,Х". Објавено е...

БЕРБОК: УКРАИНА И ЕВРОПА МОРА ДА БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА УКРАИНА

Трамп им нареди на највисоките американски функционери да започнат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ