Sunday, March 23, 2025
10.8 C
Skopje

КОЧОВСКА: ЗА ВЛАДАТА ПРИФАТЛИВ ДОГОВОРОТ МЕЃУ СИНДИКАТОТ И РАБОТОДАВАЧИТЕ

Министерката за финансии најави дека за Владата е прифатлив секој договор во врска со минамалната плата меѓу сидникатите и работодавачите но не одговори конкретно дали владата може да  ги  субвенционира придонесите за  500 евра минимална плата како што бараат синдикатите.

„Во судир со синдикатите  Јас бев многу јасна и кажав – ќе се договорат работодавачите и работниците.Колку едните можат да испорачаат, колку другите можат да платат, за нас ќе биде прифатливо сето тоа што ќе го договорат. Тие имаат дијалог меѓу себе. Што ќе прифатат таму, ние сме должни тоа да го обезбедиме. Што ќе договорат, јас како министер за финансии ќе го почитувам“, вели Гордана Димитриеска Кочовска – министерка за финансии.

Димитриеска Кочоска не ги коментираше ставовите на пратеничка од владејачкото мнозинство дека со 500 евра минимална плата ќе се зголеми инфлацијата, иако пензиите втор пат по ред ќе растат линеарно за 2.500 денари

Опозициската СДСМ денеска повторно побара минималната плата да се зголеми на 500 евра. Тие велат доколу власта не ја зголеми минималната плата тие ќе поднесат закон за зголемување.

„Последната изјава дека нема пари за поголеми плати за работниците, дека нема пари за поголема минимална плата уште еднаш покажува отсутност од релноста.Тоа значи дека стандардот на граѓаните ќе продолжи да се намалува, граѓаните ќе имаат се помалку пари и нема да можат месецот да го поминат со високите сметки и цени на храна.Парите од буџетот мора да бидат наменети за граѓаните!Бараме од власта и од владејачкото мнозинство да обезбеди пари за покачување на минималната плата.Тоа и е работа на Владата, да најдат пари за поголеми плати на работниците и да им помогнат“, рече Сања Лукаревска – СДСМ.

Синдикатите пред некол ку дена предупредија, долоку се нема слух за нивното барање, не ја исклучуваат можноста за генерален штрајк и блокади.

Извор : Алсат

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ