„Уставните измени се јавно достапни за сите и за нивната содржина никој не е против, вклучително и Мицкоски и ДПМНЕ. Со измените на Уставот се забрзува процесот на интеграција во ЕУ, но истовремено се задржува примарната уставотворност на македонскиот народ и се става крај на тезата „еден народ две држави“ кои со децении ја промовираат одредени туѓи центри. Мицкоски има шанса макар еднаш да се престрои на страна на државните и национални интереси“, додава Кочиќ.
Според него, ако навистина се грижат за интересите на државата, тогаш Мицкоски и ДПМНЕ ќе дадат поддршка на измените на Уставот.Во спротивно, како што вели, ќе покажат дека се за изолација и дека можеби одработуваат за туѓи интереси, спротивни на државните и националните интереси.