Thursday, April 17, 2025
17.8 C
Skopje

Коцијанчич за Макфакс: На СЈО мора да му се дадат услови и време да ја заврши својата работа

На Специјалното јавно обвинителство (СЈО) мора да му се обезбедат услови и време за да ја заврши својата важна работа, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич за Макфакс, додавајќи дека ова тело е важен дел од Пржинскиот договор.

„Специјалното јавно обвинителство е важен дел од Пржинскиот договор и мора да му се дадат услови и време неопходни за тоа да ја заврши својата важна работа“, изјави Коцијанчич за Макфакс.

Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски претходно во интервју за „Дневник“, пак, порача дека неговата партија нема да даде поддршка за продолжувањето на мандатот на Специјалното јавно обвинителство поради тоа што, како што вели „очигледно е дека СЈО работи под сугестија на некои амбасади и дека некому надвор му треба СЈО за продолжување на кризата во Македонија“.

Коцијачич додава дека ЕУ сега се надева на брзо формирање на нова широка влада и на нејзината програма, како и дека „имплементацијата на Пржинскиот договор и Итните рефорски приоритети се од огромно значење“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски во понеделникот од страна на претседателот Ѓорге Иванов го доби мандатот за состав на нова влада и сега има рок од 20 дена за до Собранието да поднесе програма и предлог-состав на владата. На предвремените парламентарни избори кои беа одржани на 11-ти декември минатата година, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратенички мандат, СДСМ – 49, ДУИ – 10, Движењето Беса 5, и Алијансата за Албанците и ДПА освоија по два мандати.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: НЕМА ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ЗА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен...

КОС: БУГАРИЈАА ГО ПОЗНАВААТ РЕГИОНОТ И ДОБРО Е ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОЦЕСОТ НА НЕГОВАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор...

„ЛЕВИЦА“ ВТОР ДЕН БАРА ОСТАВКА ОД ТАРАВАРИ ЗА СКАНДАЛОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА

Политичката партија „Левица“ втор ден бара оставка од министерот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ