- Поставив цел до крајот на 2024 година да биде завршен овој пат. Многумина не веруваа, многумина дури и се смееја, но еве го завршивме, го задоцнивме само три дена. Затоа ќе извините за задоцнувањето од три дена“, рече директорот Трајановски
Благодарам на сите кои учествуваа во изградбата на овој пат почнувајќи од Ставрески, Пешевски, Стојанов кој во 2015 година го потпиша договорот за заем со Светската банка во вредност од 93 милиони евра. Овој пат бил почнат во мај 2018 година и за жал по шест години, не беше завршен.
Во јули 2024 година, кога бев избран за директор на ЈПДП, на првата делница во должина од 15 километри верувајте немаше ставено ниту еден квадратен сантиметар асфалт, а гледам денеска се фалат дека останале само финалните работи.
Меѓутоа работата ја гледаат граѓаните, гледаат со кој интензитет се работеше во последниве шест месеци“, рече директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.
КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ : МИ СЕ СМЕЕЈА КОГА ВЕТИВ ПУШТАЊЕ НА ЕКСПРЕСНИОТ АВТОПАТ КРИВА ПАЛАНКА – СТРАЦИН ДО КРАЈОТ НА 2024 ГОДИНА
ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ