Wednesday, July 9, 2025
22.8 C
Skopje

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ : БЕХТЕЛ И ЕНКА ДО НОВ ГОДИНА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ТЕРЕН

Директорот на ЈП „Државни Патишта“, Коце Трајановски, денеска како одговор на новинарско прашање, рече дека Бехтел и Енка се уште не започнал со работа на терен на автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д, затоа што државата треба да најде пари за да ги дислоцира електричните и телекомуникациските водови кои се наоѓаат на предвидената траса. Како што рече новиот директор на ЈПДП, тоа не е работа на американско-турскиот изведувач, односно не влегува во рамки на предвидениот трошок од 1,3 милијарди евра,туку државата тоа треба да го направи сама.

– Тоа е договор кој е специфичен, направен по специјален закон. Постоеле рокови за експропријација и дислокација на електрични и телекомуникациски водови, што е надлежност на Република Македонија и не потпаѓаат под тие 1,3 милијарди, рече Трајановски.

Поранешниот градоначалник на Скопје рече дека зададените рокови за расчистување на водовите се веќе пречекорени.

– Ние правиме интензивни напори во последните мсец и нешто за да ја решиме експропријацијата. Ако не ја решиме експропријацијата, Бехтел и Енка не може да влезе на терен. Тие не можеда работат таму ако земјиштето не е „исчистено“. Ние работиме интензивно за да може што побргу да започне Бехтел и Енка со работа. Се надевам дека пред Нова година ќе успееме да ги внесеме на терен, додаде Трајановски.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО ГРЦИЈА

Стартуваше изградбата гасниот интерконектор со Грција во должина од...

МИЦКОСКИ: ОВА Е НАШИОТ КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ, СВЕТОТ ГО ВИДЕ ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА БУГАРИЈА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната вонредна прес-конференција,...

МИЦКОСКИ: НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ НОВО ПРЕДАВСТВО И ЌЕ ГИ БРАНАМ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ

На денешната вонредна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, на која се...

НАПАДНАТА ЕКИПАТА НА ТВ АЛСАТ КАЈ ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО

Екипата на ТВ Алсат била нападната во близина на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ