Sunday, May 18, 2025
8.8 C
Skopje

КОЦЕВСКИ: ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОРА ДА ЗАВРШИ ДО 16 -17 ЈУНИ

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека истрагата за трагичниот пожар во Кочани, во кој загинаа 62 лица, ќе заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16 или 17 јуни.

Коцевски вели дека на овој сложен и тежок случај деноноќно работат 13 јавни обвинители и очекува дека со ваквиот интензитет на преземање дејствија, истрагата да биде завршена навремено.

Коцевски, во интервју за Алсат М, рече дека во моментов истрагата се води за кривично дело тешки дела против општата сигурност.

Тој рече дека Обвинителството започнало со истражни дејствија од денот на настанот, одејќи наназад до 2012 година, кога т.н. кабаре почнало да функционира и кога, според досегашните сознанија, се сторени пропусти.

На крајот на истрагата, како што рече Коцевски, ќе се донесе обвинение во кое детално ќе биде образложено секое дејствие на потенцијалните обвинети и ќе се утврди за кое точно дело евентуално може да се работи.

Коцевски посочи дека истрагата опфаќа повеќе институции, меѓу кои Дирекцијата за заштита и спасување, Општина Кочани, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија, како издавач на лиценците.

-Секој имал одредени надлежности и тимот на јавни обвинители цени дека причинско-последичната врска е смрт на лицата кои биле во дискотеката. Пропусти што довеле до ова имало секоја година, што значи дека тие имаат еден каузалитет. Секоја година се пропуштале да се преземат одредени дејствија, додаде Коцевски.

Тој не ја исклучува можноста за проширување на истрагата со нови лица кои евентуално би можеле да бидат осомничени и обвинети и тоа може да се очекува до последниот ден на истрагата.

Во врска со вчерашната средба со родителите на настраданите, Коцевски рече дека на нивните прашања било одговорено во согласност со законските прописи и дека им било соопштено сето она што можело да им биде кажано во оваа фаза на истрагата.

Во однос на обвинувањата за политичко водење на истрагата и за притворот на Крешник Бектеши, Коцевски рече дека обвинителскиот тим не држи никого во притвор без причина, вклучително и ексминистерот Бектеши.

Тој објасни дека притворот се определува врз основа на ризикот од влијание врз сведоци, повторување на делото или бегство.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ