Thursday, April 17, 2025
17.8 C
Skopje

КОЦЕВСКИ ГИ ПОБАРАЛ ПРЕДМЕТОТ ЗА ПАЈАЗИТИ КОЈ ЈА ПРЕГАЗИ ТЕОДОРА

Државниот обвинител Љупчо Коцевски го побарал предметот од гостиварското вишо обвинителство за да го разгледа во детали текот на постапката против Менсур Пајазити кој смртно ја прегази Теодора Ристовска во Тетово, објави Телма.

Според објавените пресуди обвинителството не се жалело на првичната триипол годишна казна која ја досудила сега пензионираната судијка Верка Костовска. Потоа вишата обвинителка Вјолца Елмази се премислила па на седницата во апелација во март лани го променила писмениот став и барањето да се одбие жалбата на Пајазити го сменила со предлог да му се изрече поблага кривична санкција. Од обвинителството велат одмерувањето на казната е во надлежност на судот.

„Пред Апелацискиот суд, јавната обвинителка од ВЈО Гостивар на рочиште дала свој предлог во однос на попрецизно одмерување на казната, имајќи ја предвид пред се околноста дека обвинетиот непосредно пред завршување на првостепената постапка признал вина, како и претходната пракса во слични предмети. Меѓутоа, предлогот на обвинителката не е задолжителен за тричлениот совет од судии во Апелацискиот суд.

Тој предлог во ниту еден момент не се однесувал на намалување на казната за речиси половина од првостепената пресуда, како што досуди Апелација во својата одлука. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија веќе даде насоки и ќе го прибави предметот од Вишото јавно обвинителство Гостивар за да го разгледа во детали текот на постапката“, информира Јавно обвинителство.

Обвинителството уште го чека писменото образложение на пресудата, а Судскиот совет оцени дека гостиварска апелација може да одлучи само во корист на обвинетиот или да ја потврди првостепената пресуда од две години затвор, а не и да ја зголеми.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: НЕМА ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ЗА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен...

КОС: БУГАРИЈАА ГО ПОЗНАВААТ РЕГИОНОТ И ДОБРО Е ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОЦЕСОТ НА НЕГОВАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор...

„ЛЕВИЦА“ ВТОР ДЕН БАРА ОСТАВКА ОД ТАРАВАРИ ЗА СКАНДАЛОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА

Политичката партија „Левица“ втор ден бара оставка од министерот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ