Тројцата убиени косовски Албанци во инцидентот во Куманово и македонскиот државјанин наводно соработувале со македонската Управа за безбедност и контраразузнавање да предизвикаат инцидент за којшто за возврат би добиле пари, пишува приштинскиот дневен весник „Коха диторе“, повикувајќи се на наводни докази од косовското разузнавање и полицијата, пренесе Макфакс.
Врз основа на информации и документи на Косовската информативна агенција и косовската полиција, Бег Ризај и Мирсад Ндрецај, како водачи на групата од 44 лица планирале да го нападнат добро обезбедениот затвор во Грдовци кај Подуево, од каде сакале да ослободат двајца затвореници кои отслужуваат казни за повеќе злосторства, меѓу кои убиства.