Saturday, May 24, 2025
12.8 C
Skopje

КОС: МОРА ДА ЗАСТАНЕМЕ ПРОТИВ АВТОКРАТИТЕ – КОШТА ОД СОФИЈА: ЌЕ РАБОТИМЕ СО МАКЕДОНИЈА ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ

За првпат надворешни сили сакаат да пропадне процесот на проширување на Унијата, оцени еврокомесарката Марта Кос. Во посета на Чешка, таа нагласи дека светот забрзано се менува, а проширувањето мора да успее зашто носи стабилност и безбедност во Европа. „Заедно мора да застанеме против автократиите, кои сакаат да не видат да не успееме. Ние сме во нова фаза на процесот на проширувањето.

Никогаше порано немало вакви деструктивни надворешни сили кои сакаат да не успееме. Сега за првпат има и толку дезинформациски кампањи.“, вели Марта Кос.

Првиот човек на Советот на Европската Унија, Антонио Кошта во Софија со бугарскиот државен врв зборувал и за проширувањето, а од новинарите беше конкретно прашан дали Македонија ќе ги почне наскоро преговорите, усвојувајќи ги уставните измени посочени во францускиот предлог. „Ќе продолжиме да работиме со различните земји, поточно со Северна Македонија.

Сметаме на напорите на сите земји да ги надминат проблемите, да ги решат проблемите, да ги адресираат на вистински начин различните прашања и да осигураат ефективно проширување за време на овој институционален циклус, во наредните пет години“, вели Антонио Кошта

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ