Thursday, December 12, 2024
5.8 C
Skopje

КОСТОВСКИ : ЉУБОВТА МЕЃУ ДПМНЕ И АПАСИЕВ Е ДЕЛ ОД РЕТРОГРАДЕН АНТИ НАТО И АНТИ ЕУ БЛОКА

Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „Само вистина“ истакна дека техничка влада ќе има 100 дена како што е одредено во законот за влада, бидејќи договорените коалициски работи меѓу СДСМ и коалиционите партнери се почитуваат и ќе се почитуваат во иднина.

Техничка влада може да се укине за следните избори. Бидејќи СДСМ ја унапреди демократијата во државата, веќе не постојат „влечење за уши“, „луѓе од Мала Преспа“, неработење на лифтови во Центар, го паметиме тоа од црната деценија на ДПМНЕ, истакна Костовски.

Тој нагласи дека на следните избори ќе се диференцираат два политички блока.

Одлично е што Христијан Мицоски излезе и кажа дека е отворен за соработка со Апасиев. Апасиев следниот ден потврди дека е тоа така. Љубовта меѓу овие две партии ги манифестира како еден анти – НАТО, анти – ЕУ блок и еден ретрограден блок што сака изолација, рече Костовски додавајќи дека тие се кочничари на европскиот пат, нема напредок, нема решавање на евроинтегративниот процес ако ДПМНЕ и Левица дојдат на власт.

Костовски нагласи дека од друга страна има блок што претендира да собере се што е прогресивно на политичката сцена во Македонија, предводен од СДСМ, заедно со граѓански организации, интелектуалци, кои сакаат оваа држава да оди напред, кои сакаат интеграција во ЕУ, кои сакаа и добија членсто во НАТО, кои сакаат повисоки плати, пензии, бенефити, останување и живеење тука во Македонија

Тоа е таа разлика што ДПМНЕ ќе ја стави во тотален заборав на политичката сцена, порача Костовски, додавајќи дека во ДПМНЕ ништо не е сменето, што се гледа во општините предводени од нив.

Локалното неработење шерифите на ДПМНЕ, нереализирани ветувања, оние книги од програми што станаа книги на брука и срам, со резултат нула се доволен показател што ги очекува граѓаните ако гласаат за ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори, порача пратеникот на СДСМ Мартин Костовски.

ОВАА НЕДЕЛА

АРТАН ГРУБИ : СЕ ПОВЛЕКУВАМ ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ, ЧИСТ СУМ КАКО СОЛЗА

Лична одлука во служба на општото добро вели Артан...

СТРАТЕШКИ РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И ЛАЈЧАК

Остварив средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ...

АХМЕТИ НЕ ГО ДАВА ГРУБИ

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети не ја оспорува...

ТОШКОВСКИ : ЧЕТИРИ СТОЛБОВИ ЗА РЕФОРМА И КРЕИРАЊЕ НА СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ВО МВР

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи...

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МВР ПЕТРУШЕВСКИ НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КРАЛСТВОТО КАМБОЏА

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ