Saturday, July 12, 2025
19.8 C
Skopje

КОСТОВСКИ: СО ВМРО-ДПМНЕ МАКЕДОНИЈА СТНА ЕКОНОМСКИ НЕУСПЕШНА ПРИКАЗНА

Се што ветуваше ВМРО-ДПМНЕ за економијата им пропадна. Македонија стана една економски неуспешна приказна, истакна организациониот секретар на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „Што мисли народот“ на штипската телевизија Стар.
Костовски нагласи дека Мицкоски ветуваше покачување на платите, а ништо не направи за тоа, а се обидува да направи паралелно синдикано организирање од референтниот синдикат.
Секој кој ќе бара нешто за подобрување на животниот стандард, Мицкоски завојува со него, нешто слично како во онаа црна деценија на диктатирата на Никола Груевски и тие некои пракси останале во ВМРО-ДПМНЕ, рече Костовски, додавајќи дека СДСМ бара покачување на платите и потсети дека СДСМ ја покачи минималната плата од 9.000 денари на 22.500.
Гледаме има големи задолжувања, а пари за граѓаните нема, пари за семејствата во Кочани нема. Нешто не штима, неразбирливо е зошто е тоа така. Јас разбрам дека и Трајко Славески и Христијан Мицкоски се десничари и го заштитуваат крупниот капитал, рече Костовски.
Тој нагласи дека СДСМ поднесе предлог закон за минимлана плата, сет законски решенија за намалување на ДДВ за храна, за струја, субвенционирање на придонеси. Ништо не помина, ВМРО-ДПМНЕ не ги прифати а граѓаните се потешко живеат, нагласи организациониот секретар на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „Што мисли народот“ на телевизија Стар.

ОВАА НЕДЕЛА

НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ПРИЛЕП

Хеликоптери на МВР го прелетуваат Прилеп. Според неофицијалните информации лице...

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ