Градоначалникот на општина Бутел најави пролетна градежна офанзива во Скопје Север, Бутел 2 и Визбегово.
– Ќе бидат асфалтирани големи и клучни улици, ќе бидат реконструирани и изградени поголеми и помали паркинг простори, каде што има простор ќе бидат изградени и нови катчиња за рекреирање, сподели Костовски кој беше на терен и во консултација со граѓаните ги лоцираа главните потреби.
– Во Оптшина Бутел се гради како никогаш претходно, поставуваме нови критериуми, додава првиот човек на општината.